Курто Дудуш, Градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ денеска е осуден за напад на Демир Исмаил. Дудуш мина само со „судска опомена“ за стореното кривично дело.

Во судницата, градоначалникот призна вина и рече дека жали за стореното.

Нападниот Исмаил не се помири со пресудата и најави дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Исмаил најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

По признанието за сторениот напад, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна “судска опомена” на градоначалникот на Шуто Оризари.

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.