„ОТВОРЕНО“ СО КОРОВЕШОВСКА: Ова не е Министерство за култура, туку за некултура

/ 11.02.2019

На вечерашна емисија „Отворено на Алфа“ со Искра Коровешовска, гостуваа Љубиша Кировски, претседател на Сојуз на музички уметници, Сони Петровски и Сашо Тасевски.

Кировски нагалси кој говореше за скандалите кои го потресоа Министерство за култура, нагласи дека во оваа држава се е можно. Веќе ништо не го изненадува.

-Почеток на крајот беше наговестен веќе од минатата година. Од минатогодишниот конкурс за култура кој што излезе со прошлиот министер за култура Алаѓозовски. Кој што во најмала рака беше скандалозен, а за сегашниот е повеќе од скандалозен, нагласи Кировски.

Кировски рече дека ова случување што со излегувањето на оваа катастрофална годишна програма, воопшто него лично не го изненадува. Искрено дури и очекувал. Затоа што ако надлежните институции тоа го решеа минатата година немаше да се случи оваа година. Никој не одговара во оваа држава за ништо.

-Секое нечесно дело сторено мора да биде казнето. Треба да се има критериум, треба да се има ниво. Треба на правите места да бидат ставени прави луѓе, вистински со кредибилитет., со достоинство, интегритет, кои што си ја знаат својата работа. И која што навистина ќе знаат да излезат во костец со проблемите кои што  се наталожени во културата. Од минатата година па навака би требало министерството да се крсти министерство за некултура, а не за култура, посочи Кировски.

Сашо Тасевски, екс директорот на Драмски театар, потенцира дека и министерот Адеми и заменикот министерот Лазовски многу добро знаеле што се случува, и тоа се случило под голем притисок од луѓето на министерот.

„Да има некој закон во Македонија, некој морал да постои во политичкиот живот треба комплетно министерството, сите со него и комисии да дадат оставки. Една партија министерството за култура си ја смета за своја освоена територија на која што може да прави што сака, да дели како сака. Имаше и изјава дека министерството е тука да поддржува маргинална култура и маргинални уметници оние што не добиле сега да добијат. Што е ова, мислам пазар“, нагласи Тасевски.

Според Тасевски министерството за култура мислам дека треба да биде пред се фер и да ја цени уметноста на уметниците и културните работници, а не еден вид на јасли за нечии потреби и интереси.

Сони Петровски пак, на забелешката од Коровешовска кон Кировски дека фелата не му дала поддршка на Игор Дурловски при сето малтретирање што тој го претрпе, а откако Кировски истакна дека Дурловски бил член на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа молчеле, истакна дека Дурловски не бил и не член на нити една партија, а дека единствена негова вина е што ја пеел химната на Македонија.


Од истата категорија