Ако страдате од хипертензија, солта и заситените маснотии треба да ги елиминирате од менито. Но една од водечките намирници, која се користи при висок крвен притисок е доматот, кој ефикасно го регулира крвниот притисок, без разлика дали се консумира варено, сурово или како сок.

Три лажици доматно пире содржат 486 мг калиум, што е одличен сојузник во борбата против високиот крвен притисок.

Калиумот влијае на бубрезите преку промовирање на рамнотежа со количината на сол во организмот, така што бубрезите ја филтрираат крвта со отстранување на вишокот на течности од телото, што исто така создава рамнотежа на натриум, и калиум во организмот.

Покрај доматите, намирници богати со калиум се компири, банани, сок, портокали, грав, грашок и суво грозје.

Покрај тоа, доматите содржат и ликопен, што влијае на работата на срцето и го намалува ризикот од срцев удар. Оваа состојка е природен лек и сојузник во борбата против високиот притисок, затоа додајте ја на менито во следниот оброк.