Бугарскиот археолог Николај Овчаров мисли дека има формула за, како што вели „превоспитување на браќата отаде југозападната граница на Бугарија“.

– Бугарите сфатија дека со Македонците, како што рекол нивниот најголем Македонец, треба со кротко, со убаво и со малку ќотек. Во спротивно, ќе бидеме сведоци на демонстрации, палење бугарски знамиња итн., вели еден од говорниците на Националниот кружок „За Македонија“, пренесе Експрес.

Нашата посета на Стразбур во јуни требаше да биде почеток, додава тој.

– Зимоска треба да направиме уште една посета. Сега разговаравме со неколку европратеници за повторна посета на Брисел, т.е. притисокот од НК „За Македонија“ да продолжи со нови податоци и со нови документи. Притисокот врз РС Македонија мора да продолжи од бугарска страна и во тој поглед местото на научниците е јасно, додава Овчаров, еден од најгласните антимакедонци во Бугарија.