За да се ослободите од салото на стомакот може да биде многу полесно отколку што мислите. Тренерите и експертите за исхрана советуваат комбинација на умно замислени оброци и вежби, но важно е и што пиете.

-Водата е најдобриот избор за губење на тежината. Истражувањата покажаа дека водата, особено пред јадење, може да влијае на побрзо трошење на калории, а тоа помага да се намалиат маснотиите, вели диетичарката Џилијан Кубала.

Ако ви здодее, додадете малку свежо овошје и ќе имате здрава, вкусна вода.

-Кофеинот е поврзан со губење на тежината и е доста ефикасен ако е внесен пред вежбање, и  е добар за функцијата на срцето, вели таа.

Можете да пиете и чај.

-Чаша топол чај од ѓумбир дава чувство на ситост, го намалува гладот ​​и внесот на калории, вели Кабула.

На крајот, таа открива неочекуван начин кој помага при губење на килограми.

-Додај во вода лажица јаболков оцет. Тоа ќе го забави варењето, што ќе ве натера да се чувствувате посилно за долго време, објаснува диетичарката.