Цената на нафтата забележа пад при отворањето на неделното тргување денеска, и покрај наближувањето на летото со вообичаено повисоката побарувачка во овој период. Брент нафтата се продава за 75,53 долари за барел, што претставува пад од 1,26 долари, додека лесната сурова американска нафта се продава за 65,41 долар за барел – пад од 40 центи.

Причина за падот на цената на нафтата е растечкото производство во САД, кои се етаблираа во светска нафтена велесила, но и најавата од ОПЕК дека ќе го зголемат производството на нафта. Во март, САД дневно произведувале 10,47 милиони барели нафта, што е нов месечен рекорд, а во осум од изминатите девет недели, американските нафтени компании најавувале почеток на експлоатација на нови извори на нафта.

Од друга страна, во текот на викендот министрите за нафта на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Алжир, како и Оман, кој не е членка на ОПЕК, договорија да го зголемат производството, и да ја соборат цената на нафтата, која порасна поради тензиите со Иран и во Венецуела.