Уставобранителите се политички осудени на најбрутален начин од страна на Заев, изјави Александар Пандов претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека завчерашниот протест во Штип е собир за слобода на уставобранителите и патриотите кои што се неправедно осудени и тоа за тероризам од страна на Зоран Заев и СДСМ.

-Тоа што се случи завчера беше собир за слобода, собир за слобода за на уставобранителите, патриотите кои што се според мене и според веројатно најголем дел од македонската јавност тотално неправедно осудени. Да потсетам тие се осудени за тероризам. Беа судени повеќе од триесет луѓе. Да потсетам дека 15-тина од нив со одлука на тогашиот парламентарен состав беа амнестирани, а половина останаа затворени, рече Пандов, кој беше гостин во емизијата на Радио Лидер.

Пандов потенцираше дека затворските казни на уставобранителите се драконски и дека тоа се политички процеси односно дека тие луѓе се политички осудени на најбрутален начин од страна на Заев и власта.

-Мислам дека 17 или 18 луѓе се останати во затвор и нивните затворски казни се на 12, 15 и 18 години затвор. Ако тоа не е политичко судство, ако тоа не беа политички процеси, во кои што на најбрутален начин ја промовираa својата сила и својата моќ Заев и неговите бандити, кои што го опкружуваат… јас не знам друго што е, рече Пандов.