Експерт од организацијата „Sunshine Coast Snake Catchers 24/4“ бил повикан во продавница за облека во крајбрежниот град Мофат Бич (Квинсленд), каде пронашол опасен „непоканет гостин“.
Имено, источната кафена змија (Pseudonaya textilis), која важи за втор најотровен копнен вид во светот, се криела меѓу полиците со новата летна колекција.
Работниците и клиентите биле евакуирани од просториите, додека фаќачот на змии Ден не ја „елиминирал“ заканата, пренесува UPI.com.
Внимателно ја зеде змијата со специјални држачи и ја стави во торба. На видеото се гледа дека таа се обидела да се сокрие под дрвена полица.
Овој вид најчесто се среќава во источна и централна Австралија, односно на југот на Нова Гвинеја. Повеќето примероци достигнуваат должина до 1,5 метри.
Се смета за втора најотровна копнена змија (зад тајпанот) и е одговорна за повеќе смртни случаи во Австралија од кој било друг вид.