СВЕТОТ ВО ПАНИКА: Во Кина родени првите генетски модифицирани близначки

/ 26.11.2018

Кинескиот научник Хе Џианкуи објави дека прв пат во историјата успеал да создаде генетски модифицирани бебиња.

Ваквата изјава предизвика бура од реакции во научниот свет , но и во јавноста. Порфесорот Хе и неговите колеги направиле измени на гените на ембрионот на седум брачни двојки , кои учествувале во проектот за вештачко оплодување.

Сите мажи биле ХИВ позитивни , додека нивните жени не биле. Кинескиот тим користел метода Crispr/Cas9 со која ги смениле гените за да не може децата да се заразат со ХИВ . на почетокот на ноември се родени две девојчиња , од кои едната е целосно отпорна на ХИВ , бидејќи кај неа биле отстранети двата главни гена од парот во геномот.

Другото девојче , близнак , има само еден исечен ген , што значи дека сепак постои ризик од зараза со ХИВ. Девојчињата се здрави и нема знаци дека се вршени измени на други гени.

На Универзитетот во Стенфорд професорот Хе објаснува дека работел на генетски модифицирани гени на глувци , мајмуни и кај луѓе , а во овој случај го елиминирал генот со што девојчињата нема да се заразат иако дојдат во контакт со ХИВ. Не е познат идентитетот на родителите , освен дека таткото сакал децата да му бидат подвргнати на оваа метода за да не се соочуваат со проблеми , какви што има тој како заразен од ХИВ/СИДА.

Во Кина има големи проблеми со оваа болест , поради тоа што заразените се жигосуваат во општеството , па затоа и професорот Хе го извел генетското модифицирање.


Од истата категорија