Неспособноста на СДСМ за само два месеца не чинеше поскапа струја и 86 милиони евра фрлени за скапа струја, се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

– СДСМ наместо да работи одговорно, тие ги користеа енергетските претпријатија како места за црпење тендери. Цела година не се направи нов ископ во РЕК Битола, и се дозволи во сред грејна сезона резервите на јаглен да се за само неколку дена, се вели во рекацијата.

Натаму во соопштението се додава:

– Хидро акумулациите се испразнија кога струјата беше евтина, за кога истата рушеше рекорди, да треба да се купува и по 10 пати поскапо. СДСМ постапи нестручно и неспособно, со крајно невнимание кон буџетот и за тоа ќе има одговорност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ често ја употребува фразата „ги враќаме парите кај граѓаните“, но во случајов очигледно е спротивното.