Бугарската Централна изборна комисија (ЦУК) ги објави списоците за онлајн гласање на бугарските парламентарни избори во дијаспората.
Од објавата на ЦУК може да се заклучи дека поголем интерес за утрешните избори има во Албанија отколку во Македонија.
Само 181 граѓани од Македонија се пријавиле за гласање, од кои најмногу се во Прилеп каде има 46, во Кавадарци 45, Велес 42 лица итн.
Од другите соседни земји во Албанија се пријавиле 245 лица, во Србија 147, во Грција 795, во Босна и Херцеговина 74, во Црна Гора 7 и во Хрватска 34. Најмногу пријавени има во Турција, каде се пријавени 26.019 гласачи.
Целосната листа со пријавени гласачи од дијаспората може да се отвори ТУКА.