Заигра метлата во СДСМ и види чудо на генералката останаа имуни претседателот на партијата и заменикот на претседателот, односно Рада, не за друго пошто тие се безгрешни и катастрофалниот резултат на изборите никако не се должи на погубните политики кои ги водат две години, туку само на слабото работење на раководството на партијата во ликот и делото на шесте потпретседатели и претседатели на општинските организации. Гарант тие самостојно делувале контра политиките и насоките на Заев и Рада па затоа ги стигна катиљ ферманот и свилениот гајтан на Центарлниот Одбор.

Од сите промени внатре во СДСМ можеби народот е најрадосен со промената на Претседателката на форумот на жени – Цветанчето Ласкова, навистина со душа чекавме промена на оваа функција за конечно да ја исправиме работата и да тргнеме напред. Да знаеше пуста Цветанка дека толку скапо ќе ја кошта грантот од Фондот за иновации за снаа ѝ никогаш не би аплицирале, вака наместо да се угледа на Рада и чесно и посветено да работи за доброто на татковината таа се сконцентрирала на личен профит и после метла, е па метла Цветанче. Втора неопростлива грешка ѝ е тоа што очигледно жените кои ги раководи на згазиле на терен како што треба, а имаа баш така симпатичен кандидат во кој пола од жените во Македонија биле веќе заљубени во него, па на така добра стартна основа да извадиш лош резултат не е за да се прогледа низ прсти.

Е вака сега, народов ама ич не го знаимаат партиските прераспределби на функции и генералните чистки на Бихачка, народот го интересира реалната „метла“ која што треба да се случи во рамките на Владата и тоа во повеќе ресори, никако само во три четири како што најави Заев, секако доколку ДУИ се согласат да бидат опфатени со генералката, пошто нивните функционери прашина не ги фаќа и реално немаат потреба да се зачистуваат. Со оглед на тоа што триумфално ја најави случената промена во министерството за култура да го потсетам бидејќи очигледно не го служи добро памтењето дека промената во министерството за култура која шо ја спомна никако не е резултат на метлата туку на оставката која што Адеми си ја поднесе на 06 мај 2019.

Бидејќи промените се најавени останува да видиме дали ќе ја замете Мила Царовска за социјалната реформа според која за семејство кое има 12 000 денари примања не му следи додаток за трето дете, сите знаеме дека 12.000 денари се и повеќе од доволни за едно петчлено семејство.

Исто и дали ќе ги подзамете Анѓушев и Тевдовски за енормните задолжувања, а иневстиции нула, Оливер кој освен што полицајците му се удираат со пајаци не може да се справи со сè поголемиот криминал во државава.
Има Заев уште доста за метење и затоа еден добронамерен совет,кога се чисти обично се почнува од најизвалканото, рибата сепак смрди од главата.

Мартина Антиќ