Потпретседателката на Бугарија ги потпиша указите, а претседателот на државата на церемонија во Софија ќе им ги врачи бугарските пасоши на претседателот и на секретарот на затворениот бугарски клуб Ванчо Михајлов во Битола.

Претседателот Румен Радев на церемонија во Домот на оружјето ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов, соопштија од прес-службата на шефот на државата, а пренесе БНТ.

Љубчо Георгиевски е претседател, а Благој Шаторов е секретар на бугарскиот културен центар Иван Михаилов во Битола, затворен од властите во Македонија.

Потпретседателката Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

Според бугарските медиуми, со ова се става крај на еден парадокс, „претседателите на бугарските клубови во РСМ немаат бугарско државјанство и покрај заканите, вербалните и физичките напади кон некои од нив и кон нивните клубови, откриени во април 2022 година“.