Скопското кафуле „Мош“ работи и синоќа, втора вечер по ред настапи српската музичка ѕвезда Владо Ѓоргиев, со музика и многу гости, без маски и тоа на денот кога во Макдонија се ргистрирани 243 новозаразени  коронавирусот.

Уште почудно е тоа што по синоќешниот настап, на кој исто така не биле почитувани протоколите, беше најавено затворање на овој локал. Но, наместо затворање вечерва има реприза на синоќешното случување.

Објаснувањето од надлежните во власта за ова е оти „инспекторката што требало да го затвори кафулето била во изолација“.

Лента за затворање од инспекцијта локалот ќе добиел идната недела!

Порталот А1ОН вечерва стапил во контакт со директорот на надлежниот инспекторатот, Стојко Пауновски од СДСМ, кој одговорил за тоа што се случува во локалот:

-Не е затворен, ќе биде наредната недела. Инспекторката што требаше да го затвори е со решение за изолација. Секој инспектор го завршува својот предмет. Наредната недела ќе добие лента, изјавил Пауновски за А1ОН.