Се слушаме ли обвинителке Вилма“ ечеше пред Обвинителството на вечерашниот протест. Народот испрати пораки дека во државата не владее правда, пренесува Курир.

Пред обвинителството за време на протестот се слушаа аферите во кои се вмешани високи владини функционери и партиски членови на СДСМ, а за истите обвинителството на Вилма Русковска не покрена истрага.

Истите беа испишани на посебно пано кое граѓаните го оставија пред обвинителството.

Еве за кои афери народот испрати порака дека треба да се покрене истрага, пишува порталот:

  •   АФЕРА ДАКА – СО ПАНАМСКИ ПАРИ ЗАЕВ МУ ОВОЗМОЖИ НА АНТИ-НАТО БИЗНИСМЕНОТ ДАКА ДА СТИГНЕ ДО БИЗНИС ОД 200 МИЛИОНИ ЕВРА
  •   АФЕРА МИЛИОНИ ЗА СЈО – 4,6 МИЛИОНИ ЕВРА ПОКРАЈ РЕДОВНАТА ПЛАТА СИ ПОДЕЛИЛЕ НЕЗАКОНСКИ КАКО БОНУС ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД РЕКЕТАРСКОТО СЈО
  •   АФЕРА КРИМИНАЛНИ ПОЛИЊА СО МАРИХУАНА – ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ВЛАДАТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ ПОДЕЛИ 20 ЛИЦЕНЦИ ЗА МАРИХУАНА, БИЗНИС ПО КОЈ Е ПОЗНАТ КЛАНОТ ЗАЕВИ
  •   АФЕРА ПОЛЧЕ ЗА ПАВЛЕ – НЕМАШЕ ИСТРАГА ЗА ПРАТЕНИКОТ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ КОЈ ПРИЗНА ДЕКА НАРАЧУВАЛ НАРКОТИЦИ
  •   АФЕРА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ ПРЕКУ ТЕТО – КРАДЕЊЕ И ПЕРЕЊЕ НА ДРЖАВНИ ПАРИ ОД НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА
  •   АФЕРА САРХЕМС – МЕСТЕЊЕ НА ТЕНДЕР ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УСЛУГИТЕ НА 2 ХЕЛИКОПТЕРИ
  •   АФЕРА ЛЕОНАРДО – МЕСТЕЊЕ НА ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РАДАРСКИ СИСТЕМ ВО М-НАВ
  •   АФЕРА РЕКЕТ 2 – РЕКЕТИРАН БИЗНИСМЕН ОД ФИЛИПЧЕ И ДЕН ДОНЧЕВ
  •   АФЕРА ГЛАВАТА НА РЕКЕТ 1 – ПАРИТЕ ОД РЕКЕТОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗАВРШИЈА КАЈ ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ
  • АФЕРА ТРАС-ТРАС ОДЛУКИ – ЗОРАН ЗАЕВ НАРАЧУВА ОБВИНЕНИЈА И ПРЕСУДИ ПРОТИВ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ
  • АФЕРА ТЕРОРОТ НА ЗАЕВИ – ВИЦЕ ПАЛИ КОЛИ, ТРАЈЧЕ ДЕЛИ ТЕНДЕРИ
  • АФЕРА ВОЗИЛА ЗА 8 МИЛИОНИ – ПОТРОШЕНИ 8 МИЛИОНИ НАРОДНИ ПАРИ ЗА НАБАВКА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ОД ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
  • АФЕРА БРЗИ ПРСТИ – ГЛАСАЊЕ ЗА 4 СЕКУНДИ НА НЕУСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ ВО 2018 ГОДИНА
  •  АФЕРА РЕК – ВИЦЕ – КОВАЧЕВСКИ – МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ОД РЕК ЗА ФИРМИТЕ НА ЗАЕВИ
  • АФЕРА ТАЛИБАНСКИ ПОТКУП – ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ И ПОТКУП ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ
  • АФЕРА ХАЦИЕНДА НА ФИЛИПЧЕ – ЗАЕДНИЧКО ГРАДЕЊЕ ХАЦИЕНДИ НА ФИЛИПЧЕ СО ЧОВЕК КОЈ ЗЕМА МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО
  • АФЕРА КРВАВИ ТЕНДЕРИ – 35 МИЛИОНИ ЕВРА КРИМИНАЛ СО НАБАВКА НА РЕАГЕНСИ ВО ЗДРАВСТВОТО
  •  АФЕРА ДИМИШКОВИ И КАЦАРСКА – ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНИ ПОЗИЦИИ ЗА НЕЗАКОНСКО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СУДСКИ ОДЛУКИ