На плоштад „Македонија“ во Скопје, од денеска до недела ќе се одржи третиот „Пчеларски саем на Македонија“, проект на Град Скопје.

Главен покровител и домаќин е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија.

На штандовите во трите дена од манифестацијата ќе бидат изложени мед и пчелни производи од цела држава како и штандови со пчеларска опрема.