Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други земји, откако претседателот на САД Доналд Трамп ја обвини Кина дека настојува да се вмеша во изборите за американскиот Конгрес на 6 ноември годинава, пренесува Ројтерс.

– На меѓународната заедница и е јасно која земја најмногу се меша во внатрешните работи на другите земји, изјави портапоролот на кинеското министерство Генг Шуанг, на редовниот брифинг за новинарите.

Тој исто така ги повика САД да престанат со работи кои им штетат на односите со Кина.

Агенцијата потсетува дека Трамп вчера на состанокот на Советот за безбедност на ОН рече дека Пекинг се мешал затоа што не сакал Републиканската партија да оствари добар резултат на ноемвриските избори, имајќи го предвид борбениот став на оваа партија околу прашањето за трговијата.