На враќањето од Париз, поради лошото време, слетавме во Солун и по пат ниту една ознака не е со С. Македонија, сите се со Скопје, што е непочитување на Договорот, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ Телма.

Пендаровски рече дека техничките рокови од договорот ќе бидат на чекање, додека не почнеме преговори со ЕУ, а се осврна и на сообраќајните знаци и патокази во Грција, кои се уште не се променети, во согласност со Договорот од Нивици.

– Во Преспанскиот договор има два типа рокови, политички и технички. Едните се однесуваат на користење на името во меѓународните односи и билатералните односи. Тоа е исполнето. Техничките се однесуваат на областите. Кога ќе почнеме преговори со ЕУ за областа екологија, тогаш во документацијата во правниот поредок на оваа област ќе мора да се користи новото име. Ако ние не преговараме со ЕУ, овие технички рокови ќе чекаат. Инаку да ви кажам, на враќањето од Париз поради лошото време, слетавме во Солун. И по пат ниту една ознака не е со Северна Македонија, сите се со Скопје, што е непочитувањето на Договорот, рече Пендаровски меѓу другото во интерјуто.