Не се надеваме на позитивен сигнал туку очекуваме позитивна одлука, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за виенскиот весник Ди Пресе.

– Во изминатите година и пол, исполнивме се што требаше да исполниме. Дури го сменивме и името на нашата држава по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја кандидатка досега не го направила тоа, вели Пендаровски.

Тој додава дека ако процесот на приближување е базиран на перформанси, тогаш Владата не очекува ни повеќе ни помалку отколку да биде оценувана според постигнатото.

– Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени, вели Пендаровски во интервјуто за Ди Пресе.