Подготвени сме во соработка со САД да ја продолжиме битката со корупцијата во нашата земја, изјави претседателот Стево Пендаровски.

– Средба со Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на Стејт департментот. Подготвени сме, во согласност со националните приоритети, да ја продолжиме соработката со САД во напорите за сузбивање на корупцијата, а во функција на унапредување на демократските процеси во државата, објави Пендаровски на својот официјален профил на Фејсбук.

Од фотографиите што ги објавува Пендаровски во прилогот може да се види дека на средбата присуствувала и амбасадорката Анџела Агелер, која по нејзиното доаѓање на функцијата во Скопје, се заложи за борба против корупцијата.