Дури сме живи, во политичка смисла, и 100 години потоа, Албанците ќе велат дека овие се борци за човекови права и јунаци, а Македонците ќе велат терористи, кои убивате полицајци и тие права ќе ги добивавте преку институции, рече претседателот Стево Пендаровски во емисијата Само интервју на ТВ Канал 5.

– Не знам за држави кои биле во конфликт се согласиле околу тоа. Која е правната смисла тука? Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект, рече Пендаровски.

Според него, не можеме да направиме историја околу која ќе се усогласиме по ова прашање.

-Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90 отсто од спомениците на плоштадот Македонија во Скопје. Ако го тргнеме овој од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот, рече Пендаровски.