Накратко сакам само да ги дообјаснам некој работи на колегата Џамбаски. Вчера очигледно не сте ме разбрале и тоа е доказ дека говориме на различен јазик и уште еднаш ќе ја дообјаснам поентата кога објаснував за состојбата со македонските клубови кои ги нема во Бугарија и бугарските клубови кои ги има во голем број во Македонија. Поентата беше голема, преку тие бројки и статистики што јас ги кажав всушност покажува колку во Бугарија нема демократија, а колку во Македонија има демократија и кога се жалевте дека е запален Бугарски клуб во Македонија ве молам да бидете до крај искрени, бидејќи има причина за тоа“, истакна пратеничката и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на седницата на мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот парламент.