На денешната прес конференција, Тодор Петров во име на Светскиот македонски конгрес и Движењето „Бојкотирам“ покрена иницијатива за организирање задолжителен референдум на кој граѓаните би се изјасниле за тоа дали ја прифаќаат промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија. За таа цел, Петров бара од претседателот на Собранието да ја процесуира иницијативата и да започне постапка за собирање на 150.000 потписи врз основа на што би се организирал задолжителниот референдумот.

Во меѓувреме, Петров бара да се стопираат сите постапки во врска со Договорот од Преспа, додека не заврши постапката за задолжителниот референдум.

Иницијативата доаѓа како реакција на фактот што октроиранат власт одбива да го уреди прашањето согласно пропаднатиот незадолжителен референдумот од 30 септември, иако на тоа е обврзана согласно Уставот.

Прес конференција на движењето #Бојкотирам за задолжителен референдум за името.

Gepostet von Todor Petrov am Dienstag, 25. Dezember 2018