Се додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, Македонија нема да ги почне преговорите ЕУ, порача заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова.

– Заземањето на дипломатска позиција од страна на Македонија е важно за да се види дека Владата осудува таков вид на криминален чин. Важно е да се има конкретен резултат со пресуди за оние кај кои ќе се утврди одговорност. Ние сакаме конкретен резултат, тие да си го добијат заслуженото според законов, истакна Петрова.

За неа ескалацијата на насилството е основниот проблем кој е осудуван од двете страни.

– Провокацијата на бугарските политичари преку статуси на Фејсбук не може да биде оправдување. Владата и министерството за надворешни работи ги осудија таквите обиди од страна на бугарски пратеници, но разликата е огромна – говор на социјални мрежи наспроти појава на насилство. Важно е да се влијае на провокативниот тон, вели Петрова.

Во интервјуто во студиото „Бугарија во живо“, заменик-министерката потенцираше дека прекинувањето на јазикот на омраза и насилството се дел од условите за започнување на преговори на ЕУ со Македонија. Прашањето за нападот над Пендиков во Охрид ќе биде поставено пред Советот за надворешни работи во Брисел.

– Се додека не се смени Уставот, Македонија нема да почне преговори со ЕУ. Прифатени се условите под кои можат да започнат, меѓу нив е и заштитата на правата, вклучително и правата на Бугарите. Патот на Македонија зависи од резултатите што ги покажува, промената на овој негативен тренд не е поврзан само со нашите билатерални односи, туку со нејзината кандидатура за членство во ЕУ. Нивната политичка цел е поврзана со почитување на европските вредности, тие не се бугарски хирови. Тоа што не се почитуваат условите и штети на Македонија, рече Петрова.

Таа додаде дека дипломатските односи меѓу двете земји не се нарушени.