Со претседателот на Собранието Талат Џафери и членови на Комисијата за одбрана, во штипската касарна, се уверивме во тактичките перформанси на новите, најмодерни оклопни возила на Армијата, JLTV Oshkosh, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Честитки до припадниците на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата кои ја изведоа вежбата и уште еднаш покажаа дека оценката „борбено способни“ која ја добија во рамки на НАТО оценување пред неколку месеци е оправдана и заслужена. Првите 6 нови лесни оклопни транспортери од американско производство пристигнаа во јули годинава и со нив значително е подобрена борбената готовност на Армијата. Очекуваме во следниот период да биде испорачана нова пратка од 27 возила од овој тип, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Таа во прилог објавува и фоторепортажа од настанот.