Денот на сеќавањето и помирувањето не претставува култ на победата, туку уважување на мирот, порача вечерва министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

– Соочени повторно со ужасите на војната на европско тло, оддаваме почит на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година. Фотографиите од изложбата „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во рамки на овој свечен настан, говорат погласно од сите зборови за недозволивоста на рускиот акт на агресија. Слава на Украина!- објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Петровска во прилог објавува повеќе фотографии од нејзината посета на изложбата.