Тренерот на Милан, Стефано Пиоли може да го продолжи договорот со клубот.

Како што пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на клупски извор, раководството на „росонерите“ е задоволно од играта и моменталните резултати на тимот и е подготвен да му понуди нов договор на 55-годишниот стручњак.

Актуелниот договор на Пиоли со Милан важи до крајот на оваа сезона.

По седум кола во Серија А, Милан се наоѓа на 2. место со освоени 19 бода од можни 21.

Во Лигата на шампионите, Милан забележа два пораза по првите две кола.