Оваа слика е дел од серијата која ги прикажува месеците во годината, серија во која спаѓаат Тмурен ден и Враќање на стадото, двете во музејот во Виена, Косење во Прага, Жетва во Метрополитен музејот во Њујорк и Мајско дрво, дело кое е изгубено, но од кое постои копија од раката на синот на Бројгел.

Значи, Бројгел постариот насликал само шест слики за илустрација на месеците во годината, но не е исклучено дека сакал да ги наслика сите 12.

Сликата Ловци на снег веројатно му е посветена на месецот декември. Всушност, една минијатура од почетокот на 16 век која се чува во библиотеката Марчано во Венеција – за месец декември го има истиот мотив на расчеречена свиња кој го гледаме и на оваа слика (лево, оганот пред кафеаната) како ја печат пред крчмата над чија врата виси натписот на фирмата.

Сликарот извонредно ја прикажал атмосферата на студенило и тишината која ја притиска природата прекриена со снег.

Во позадина се издигнуваат планините, а белината на снегот, зелените тонови на мразот и небото се мошне сугестивни.

Масло на платно 117 Х 162 см

Музеј Дрезден