Путеро го нема провизиите стоо. Стоо и 5 камиони шверцан тутун за кој никој не одговара, но важно е Николовски заплени 60 пакувања путер!

Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за синоќешниата пофалба од вицепремиерот и министер за антикорупција, Љупчо Николовски, за успешна акција и откривање путер со изминат рок на употреба.

-Државата тоне во криминал. Немаме вакцини. Народот останува без леб на улица, а наместо конкретни чекори од страна на власта, тие си играат мајтап. Николовски треба да одговара за сите криминали, за целата штета која ја направи на Македонија. Додека тој се мајтапи со јавноста, шлеперите на неговите блиски шверцаат тутун, си ги вработува роднините, а брат му книжи огромни профити. Додека СДСМ си игра држава, Македонија тоне, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објавивме, синоќа Николовски информира за уште една „добиена антикорупциска битка“. Антикорпционерот информира дека „е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба“. Акцијата била изведена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, а по акцијата производот бил повлечен од пазарот.

-Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност, информира Николовски за оваа „голема антикорупцсика битка“.