Владејачкиот СДСМ, наместо против коронавирусот ја продолжува секојдневната битка против опозицијата. Сооопштенијата катаден им се идентични и честопати предизвикуваат смеа и гнев кај јавноста, како што е и денешнава констатација дека „во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини“.

Еве го целото соопштение од СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивност, со измислени скандали за во обид да му нанесе штета на здравствениот систем, кој со сите сили се бори против пандемијата со коронавирусот.

Прво во белата палата им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакцините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини.

Очигледно на опозицијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски се им пречи, бидејќи немаат што друго да понудат, освен блокади, опструкции, саботирање, лажни вести, манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во криминално – режимска матрица, чиј заштитен знак се коруптивни тендери и фантом фирми и затоа постојано е поразена од граѓаните на избори.

Центар за односи со јавноста на СДСМ