Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска од истражниот затвор ќе биде однесена во клиниката „Жан Митрев“ каде ќе и биде извршен интернистичко кардиолошки преглед, потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.
Здравствената состојба на Јанева, според нејзините адвокати, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.
Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.
Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова нивно барање.
Пред два дена поради влошено здравје, наместо да дава исказ, првоосомничениот во аферата Бојан Јовановски Боки 13 денот го мина во болница каде беше однесен со Брза помош. Но, од таму рекоа дека неговото здравје е добро.