Словенија одлучи привремено да ја прекине вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, сѐ додека не се разјаснат околностите за смртта на 20-годишна девојка која починала од мозочен удар две недели по вакцинацијата.
„Се случи сериозен несакан настан по вакцинацијата и случај кој заврши трагично. Изразувам сочувство до роднините на починатата“, рече министерот за здравство, Јанез Поклукар.
„Џонсон иЏонсон“ е американска варијанта на британската вакцина „АстраЗенека“.
Поклукар додал дека Владата, по предлог на експертската група, донела одлука за привремено прекинување на вакцинацијата со вакцината „Џонсон и Џонсон“.
Вакцинациите со оваа вакцина нема да бидат достапни сѐ додека стручна комисија не ја испита медицинската документација и не утврди дали смртта на 20-годишната девојка е поврзана со вакцината.