Токио, Берн и Бон се трите градови во кои, после Њујорк, се очекува продажба на станови кои се сопственост на бившата СФРЈ.

На состанокот одржан во Скопје, во април 2016 година, заедничкиот одбор на државите-наследнички за сукцесија на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, донел одлука за покренување постапка за заедничка продажба на тн. големикомплекси, односно недвижен имот, кој по големина и вредност се преголеми за било која од државите од бивша Југославија, меѓу кои е и првиот продаден стан од амбасадорот на мисијата на СФРЈ во ОН, познат како Титов стан во Њујорк.

Од преостанатите, највредна е зградата од амбасадата и резиденцијата во Токио, со 1.726 метри квадратни корисна површина, чија вредност во Скопје била проценета на 16 милиони долари.

Потоа се продава аградата од амбасадата и резиденцијата во швајцарскиот град Берн, со површина од 1.758 метри квадратни, чија вредност се проценува на 7,7 милиони долари.

Трета е амбасадата во Бон со површина од 2.392 метри квадратни корисна површина, чија проценета вредност изнесува 5,4 милиони долари.