Повеќе од 32.500 домови во јапонската префектура Ишикава се без струја откако областа денеска беше погодена од силен земјотрес и последователни потреси, соопшти јапонската електродистрибуција.

Издадени се предупредувања за цунами долж крајбрежните региони во западна Јапонија, а луѓето се повикани да се евакуираат по земјотресот со јачина од 7,5 степени.

Во областа на земјотресот има и нуклеарни централи, но јапонската компанија „Кансаи електрик“ соопшти дека се е во ред во работата на нуклеарките.

Метеоролошката управа на Јужна Кореја исто така соопшти ги следи можните промени на нивото на морето во неколку области долж нејзиниот источен брег по земјотресот во западна Јапонија.

Опасност од цунами е прогласена и во источните руски градови Владивосток, Находка и островот Сахалин по земјотресот во Јапонија. Областите гледаат кон Јапонското Море. Засега не е наредена евакуација.