ПОЧИНА ЕКС ПРАТЕНИК НА СДСМ: Костов доживеал срцев удар на рочиште во судот во Кочани од каде бил пренесен в болница

/ 05.12.2022

На 50-годишна возраст денеска почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Сашко Костов.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10:30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание.

Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.


Од истата категорија