Почина Кобра кој лани беше претепан како одмазда за Зијадин Села

/ 22.01.2020

Стојан Павлески-Кобра човекот кој минатата година беше претепан од страна на лица блиски до лидерот на „Алијанса за Албанците“ Зијадин Села, почина денеска.

Нема повеќе информации за причината за смртта.

Кобра беше учесник во настаните до 27 април 2017 година беше суден за напад врз Зијадин Села.

Неговата сестра, Вера Митевска, лани го повика министерот Венко Филипче да се засрами од постапките на неговото Министерство и докторите кои го игнорирале Павлески, кој имаше отворени рани на главата. Таа директно ги обвини Филипче и лекарите кои го лекуваа дека не водат сметка за здравјето на нејзиниот брат.


Од истата категорија