Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во интензивното израелско бомбардирање во текот на ноќта во Појасот Газа биле убиени најмалку 200 лица.

„Во ноќните масакри загинаа повеќе од 200 маченици“, соопшти Министерството, додавајќи дека билансот се однесува само на градот Газа и северниот дел на Појасот Газа.

Министерството за здравство вчера соопшти дека од почетокот на војната со Израел на 7 октомври на палестинска територија се убиени 9.770 лица, меѓу кои 4.800 деца.

Во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, се убиени во првичните напади на исламскиот екстремистички Хамас, а околу 240 беа заробени и однесени во Појасот Газа.

Фото: Архива