Италијанскиот клуб Рома му го понуди на Интер својот напаѓач Един Џеко плус 30 милиони евра во замена за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Според „Ла Република“, римјаните исто така на Икарди му ветиле плата од пет милиони евра годишно, но се уште не добиле одговор од младиот Аргентинец.

Рома е третиот италијански клуб, по Јувентус и Наполи, кои се заинтересирани да го донесат напаѓачот на Интер во своите редови, откако стана јасно дека тој ова лето ќе го напушти својот клуб.

Икарди дебитираше во Интер 2013 година, кога стигна од Сампдорија, има 219 настапи за нероазурите во кои постигнал 124 голови. ем/сд