Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, попладнево ја потресе Албанија, а истиот беше почувстуван и во Скопје.

Потресот се случи во 17:38 часот, а епицентарот бил на 38 километри североисточно од албанскиот главен град.

Земјотресот е регистиран во реонот на централниот албански град Бурел, на 10 километри под површината на земјата.

Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во делови на Македонија, Косово, Србија и Црна Гора.

Засега нема ифнормации за евентуални штети.

Подоцна е објавена информација и од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.  Од таму е соопштено дека земјотресот бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија.

Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар е почуствуван со интензитет од 3 до 4 степени и во Скопје и Тетово со интензитет од 3 степени според истата скала.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, зејотресот го регистрирала во 17 часот и 38 минути со Рихтерова магнитуда од 5 степени, се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија.