ПОПЛАДНЕВО ВО СКОПЈЕ: Голем протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ на годишнина од хајката против патриотите

/ 28.11.2018

Голем протест денеска попладне во Скопје ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ, по повод годишнината од приведувањата на пратеници, уметници, министри и граѓани за случувањата во Собранието на 27 април лани. Протестниот марш, според најавата, ќе почне во 17 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа, МВР најави промена на сообраќајниот режим.

– Денеска од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Влада, се вели во соопштението.

Последниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата во Скопје беше на 2. јуни оваа година, петнаесетина дена пред Македонија и Грција да го потпишат договорот од Преспа. Потоа следуваа протестни маршеви низ други градови во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека протестираат затоа што:

  1. Се против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив.
  2. Се против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување.
  3. Се против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира.

#МакедонијоНапред, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваат граѓаните денеска (среда 28 ноември) масовно да им се приклучат.

Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

Македонија-Блокира во своето соопштение нагласи дека поддржува секакви протести против ненародната власт и затоа ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред македонската Влада, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Тие велат, сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се додава во соопштението.


Од истата категорија