Најмалку 42 лица загинаа, а 100.000 луѓе се евакуирани во камповите за спасување по поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните врнежи од дожд во државата Керала, во јужна Индија.

Локалните власти посочија дека од четвртокот, во три окрузи се пријавени 29 смртни случаи. Воспоставени се 988 кампови за помош, за повеќе од 107,000 луѓе.

Во поплавите во Керала за време на сезоната на монсуните минатата година загинаа 233 луѓе, а стотици илјади граѓани ги напуштија своите домови. Како резултат на природните непогоди предизвикани од обилните дождови, во јули настрадаа 160 луѓе во североисточна Индија, Непал и Бангладеш.