Полициски службеници од СВР Штип, по претходно издадена судска наредба, извршија претреси кај 10 лица во Штип, Делчево, Виница, Берово, Кочани, Свети Николе и Пробиштип, сите во куќи и помошни простории, каде што е пронајдена дрога.
– За време на претресите се пронајдени и одземени марихуана, таблетки, осум ќеси со прашкаста материја, едно пакување со грутчеста материја, семки од канабис, ваги, дробилки, млин и пари, како и ловен карабин кал.7,9 мм, 31 куршум 7,9 мм, 2 куршуми кал.9 мм, пиштолска муниција, 2 маневарски куршуми кал.7,62 мм за автоматска пушка. Девет лица се лишени од слобода, и тоа Е.Д.(42) од Штип, П.А.(51) од с.Чешиново, кочанско, М.А.(22) од с.Чешиново, кочанско, С.Д.(42) од Кочани, И.Р.(23) од Берово, Ф.Ј.(25) од Свети Николе, Ј.А.(27) од Пробиштип, Х.В.(20) од Делчево, А.Г.(26) од Кочани, а Н.Ј.(25) била повикана во полициска станица на службен разговор. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Штип.