Македонската машка ракометна репрезентација претрпе пораз од 27-25 на првиот меч од ЕП 2022 против селекцијата на Словенија. Дури и без повредениот Кире Лазаров нашите ракометари се покажаа во добро светло, во големи периоди од мечот целосно парирајќи му на квалитетниот противник.
Македонија почна одлично поведувајќи со 3-0, благодарение и на одличните одбрани на денеска извонредниот Томовски, па Словенија првиот гол го постигна во седмата минута преку Скубе (3-1). Водевме и со 4-1, но потоа следеа неколку минути исполнети со слаба игра во напад, што противникот го искористи за да направи целосен пресврт и да поведе со три голови разлика 7:4, предноста што успешно ја одржуваше до крајот на мечот, иако успеаве да израмниме на 8:8, а потоа и на 10:10, по што Словенците оставрија преднст од 13:10 на полувремето.
Во второт полувреме Словенија поведе и со 17-12, по што Лазаров го врати голманот Томовски на терен. Македонија повторно покажа карактер, не се предаде, па по изнудениот пенал и исклучување од Пешевски, Цветан Кузманоски намали на 19-17. Меѓу „фалангата“ завладеа еуфорија откако Скубе направи чекори, а Филип Кузмановски беспрекорно реализираше на спротивната страна, намалувајќи на 19-18.
Во клучни моменти, најпрвин Кузманоски, а потоа и Пешевски ја погодија само гредата од противничкиот гол, а противникот знаеше да го казни тоа и пословенија победи со 27-25.
Македонија во второто коло ќе се сретне со селекцијата на Црна Гора, меч што е закажан за сабота со почеток во 18 часот.
Во натамошните натпревари одат првите две екипи од групата, а овој пораз драстично ни ги намали шансите за пласман, бидејќи во третото коло играме со Данска.