Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска ќе престојува во тридневна офицÐ �јална посета на Република Северна Македонија.

За време на посетата, Мета ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата.

Од  Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател Мета, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците  на поширокото централно подрачје на Скопје од денеска до среда.

СВР Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Посебен сообраќаен режим во Скопје до среда

Министерството за внатрешни работи известува дека од денеска до среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета.

Мерки за посебен режим ќе има на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.