Кога ќе дојдеше дома од работа, беше многу среќна… Ќе ми кажеше, тато денеска излекувавме многу пациенти …

Вака таткото на Ирена Дојчиновска, медицинска сестра која ја загуби битката со вирусот заразувајќи се на работното место, со очи полни солзи, раскажува за спомените од својата ќерка. Вели, не се каам што ја бодрев да го оствари својот сон и да стане медицинска сестра иако на крајот, тоа ја чинеше живот.

Ирена и медицинските сестри кои своите животи ги загубија работејќи во ковид центрите постхумно добија признанија на денешниот светскиот ден на медицинските сестри. Овие здравствени работници кои се половина од цел здравствен систем потсетуваат дека во законските рамки не постојат. Првично, велат проблемите треба да се решаваат од образованието.

Министерот за здравство Беким Сали вели дека закон што конечно ќе ги дефинира медицинските сестри ќе има, а ќе се зголемуваат и кофециентите за плати.

Инаку, одливот на овој медицински кадар е константен проблем, дури и за време на пандемија. По, последиве години само од ГОБ „Осми септември“ отказ за подобри услови за работа во други држави си дале 30 сестри.