Александар СТОЈКОСКИ

Денес заедно со д-р Билал Кара, Претседател на управен одбор на ПЗУ Европска Очна Болница, потпишавме меморандум за соработка со кој се овозможуваат бесплатни офталмолошки прегледи на дечињата кои треба да се запишат во прво одделение.

Покрај бесплатните офталмолошки прегледи во делот на соработката планирани се е и активности во делот на едукација и презентации за учениците од основните училишта кои ќе бидат од голема помош за предизвиците со кои новите генерации ќе се сретнуваат во иднина.

За прегледот потребно е родителите претходно да се најават на 02 20 50-999.

Сакам да упатам лична благодарност до ПЗУ Европска Очна Болница и ПЗУ Санте Плус за континуираната поддршка на заедницата во Општина Ѓорче Петров