Најмалку 50.000 евакуирани Авганистанци треба да бидат примени во САД по падот на Кабул во рацете на талибанците, изјави американскиот министер за безбедност, Алехандро Мајоркас.

Мајоркас рече дека приемот на Авганистанците е дел од „трајната посветеност“ на Вашингтон кон луѓето кои им помогнаа на Американците за време на војната во Авганистан и другите кои беа загрозени поради доаѓањето на талибанците на власт.

Повеќе од 40.000 Авганистанци веќе ги поминаа безбедносните проверки и пристигнаа во САД.

Се уште не е точно познато уште колку ќе дојдат во САД или колку време ќе трае процесот на нивно префрлање од други земји, кои привремено ги прифатија.