Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост коишто ќе се одржат следната недела, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. Ќе бидат на темите: Монетарната политика на Народната банка – 1 декември, во 14 часот; Информации потребни при избор на кредит – 2 декември, во 10 часот; Платниот систем и платежните услуги – 2 декември, во 14 часот и Банкарската супервизија – 3 декември, во 14 часот.
Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.
Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака: – на е-адресата: edukacija@nbrm.mk или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.
Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство. Рокот за пријавување е најдоцна еден ден пред одржувањето на предавањето, најавуваат од НБРМ.