Деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување чад, како последица од пожарот, се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома, соопшти денеска Министерството за здравство.

Пациентите, како што се посочува, синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија.

Од Министерството информираа дека во пожарот никој не се здобил со изгореници.