Не гледате ли дека политиката на санкции ни штети повеќе отоклку на Русија, рече пратеничката Сара Вагенкнехт во нејзиното обраќање во Бундестагот пред канцеларот Олаф Шолц.
– Зарем не забележувате дека од февруари еврото постојано е во депресија и губи вредност, додека рубљата е позиционирана многу повисоко и посилно отколку на почетокот на војната? Време е да почнеме да размислуваме зошто тоа се случува. Русија има можност да ја продаде својата енергија на некој друг, бидејќи поголемиот дел од светот не ги поддржува вашите санкции, додаде Вагенкнехт.
Германија, додаде таа, ќе изгуби важни сектори од индустријата ако земјата го следи курсот на (шефицата на германската дипломатија Аналена) Бурбок.
– Господине канцеларе, оставете ги вашите зелени игри со енергија и справувајте се со вистинските проблеми на луѓето во оваа земја, порача Вагенкнехт до канцеларот Шолц.